Посакувам да не те видов никогаш, Посакувам да не те сретнев ниеднаш, Посакувам како сите јас да заспивам, Секоја ноќ тебе да не те сонувам.
И добро знам што треба јас да направам, Но не можам сам себе да се натерам, Паметта е таа што едно кажува, Но срцето нешто сосем друго избира.
Не ми е страв од лавини на снежни бели планини, Не се плашам ни од океански длабини, Не ми е страв од громови, ниту од врели огнови, Само од едно треперам... Не ми е страв од лавини на снежни бели планини, Не се плашам ни од страшни морски бранови, Не ми е страв од громови, ниту од бес на богови, Само од страв јас умирам без тебе да не останам!
Што си ми ти, тешко е јас да опишам, Ти песна си што не знам како да ја допишам, Ти книга си што немам храброст да ја дочитам, И бајка си во која сакам да поверувам.
А што ли е ова, никој точно не знае, Дал’ клетва е да боли толку штом сум без тебе, Дал’ казна е да немам ништо кога имам се’, Ил’ љубов е што нема никогаш да изгасне.